Лаутаро од денеска е најдобриот стрелец на Интер во ЛШ

286

Напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез стана рекордер по бројот на постигнати голови во дресот на „нероаѕурите“ во Лигата на Шампионите. Со денешниот гол против екипата на Феенорд, Лаутаро постигна вкупно 18 погодоци во најелитното европско фудбалско натпреварување.

Претходниот рекордер беше Сандро Мацола кој постигна 17 погодоци во дресот на Интер. Исто така, Лаутаро за прв пат постигна 6 погодоци во една сезона од Лигата на Шампионите.

ПретходноТребаше да биде новиот Меси, а сега на 22 години мора во С. Арабија или Катар!
СледноЛШ: ПСЖ промашуваше, Ливерпул двапати шутна и победи, Барса со играч помалку до победа