ЛШ 1/8 финале: Спектакл во Париз – Дембеле VS Салах, Барса гостува во Лисабон, германско дерби во Минхен…

65

Со преостанатите четири средби вечерва продолжуваат возбудувањата од 1/8 финалето во Лигата на Шампионите, првите мечеви. Секако дека дербито се игра на “Паркот на Принцовите“ каде „страшниот“ ПСЖ го дочекува “страшниот“ Ливерпул. Ова се две екипи кои во моментов се во фантастична форма. Тимот на Луис Енрике има десет победи во сите натпреварувања во последните десет меча, а има и 19 победи и едно реми на последните 20 меча.

Ливерпул пак се чини дека веќе ја осигура титулата во Премиерлигата, секако дека Арне Слот го сака и „ушлето“ во ЛШ. Ова ќе биде и дуел меѓу Усман Дембеле и Мохамед Салах.

May be an image of soccer, football and text that says 'ROUND OF OF16 16 FIRST-LEG FIXTURES KEYENOORD F F ROTTERDAN TTERD ROT VS P PARIS RIS ERMAIN VS L.F.C. 1904 ECBAYERV MUNCHEN VS VS BAYER Leverkusen kusen FCB VS'

Спектакл, без дилеми кој ќе започне од 21 часот.

Барселона гостува во Лисабон кај Бенфика а во Минхен се игра германското дерби меѓу Баерн и Баер Леверукузен. И овие два меча се играат од 21 часот.

Од друга страбна пак од 18:45 почнѕува средбата меѓу Феенорд и Интер.

Четири супер интересни меча, за вистинско фудбалско уживање.

Реваншите се играат во вторник.

ПретходноФилип Ивиќ пред дуелот со ПСЖ: Пелистер покажа дека може да игра со големи екипи!
СледноВечерва легендарниот вардарец се простува од ЛШ!