Мојсов: Најслаб меч на Тиквеш откако сум тренер, но најслатка победа

1248

Тимот на Тиквеш може да здивне. Конечно освои три бода кои што во моментов и тоа како се важни за прволигашот од Кавадарци. Сезонава не им оди добро на избраниците на Ѓорѓи Мојсов, но ете денеска што се вели им се посреќи. Во меч во кој може да се окарактеризира како лош, Тиквеш со голот на Берат Садик постигнат во последните моменти од мечот, успеа да го победи Шкупи во Кавадарци и на тој начин да озвои злато вредни три бода.

„Тежок меч. Самото место на табелата го направи тежок. И тешка е целата ситуација. Но Тиквеш не е тим кој се предава. Сега, по овој триумф е нешто друго. Полесно се дише. Трите бода се тука. Ситуацијата на табелата е таа. Многу важна победа. За колку толку да ни се симне притисокот од грбот. Да почнат играчите да се чувствуваат полесно. Да можат да заиграат како што знаат. Јас сум неполни три години во Тиквеш како тренер, а ова е најслабиот меч одигран. Но ова е најслатката победа. Берат Садик мора да го пофалам, стрелецот на голот. Уште кога пристигнуваше во Тиквеш, велев дека тоа е играч кој многу ќе ни помогне. Ќе не спаси од оваа тешка ситуација. И така е. Секоја чест за дечкото“ – изјави Ѓорѓи Мојсов за Спортспорт по денешната победа над Шкупи.

 

 

 

 

ПретходноОхрид посилен за Словенец од Хановер
СледноТФТ го „секна“ Вардар, и го остави на 37 коша