Навивачите на Манчестер Ј. почнуваат со протести: Клубот полека умира!

128

Британски „Телеграф“ објави дека група навивачи на Манчестер Јунајтед планираат протест во пресрет на домашниот натпревар против Арсенал. Англискиот клуб комплетно пропадна оваа сезона и никако да забележи позитивна наскока во резултатите и покрај менаџерските промени.

Навивачката група „The 1958“ планира протест пред неделниот натпревар против Арсенал, пред се како реакција на лошото водење на клубот.

Стив Кромптон, кој е портпарол на групата, меѓу другото го наведува следново.

„Клубот полека умира пред наши очи. И на теренот и надвор од него, а вината е во сегашниот модел на сопственост. Клубот се соочува со финансиски Армагедон. Сер Мет Бејзби би се превртил во гробот од моменталната глетка на една од најдобрите светски фудбалски институции, која моментално е на колена и на многу начини е исмејувана. Клубот оди наназад, а најверојатно ќе биде уште полошо“, изјавил Кромптон за „Телеграф“.

Протестот же започне во пабот „Толгејт“ неколку часа пред почетокот на натпреварот. Учесниците се охрабруваат да бидат облечени во црно за време на протестот.

ПретходноФенербахче го задржува Мурињо со нов договор
СледноТимур Дибиров го одигра последниот „танц“ во ЛШ, за жал ППД Загреб не успеа да победи!