Ноќ за паметење во ЛА: Џејмс влезе во историјата на НБА, Дончиќ покажа сила (ВИДЕО)

995
Фото: ЛА Лејкерс/Фејсбук

Леброн Џејмс стана првиот кошаркар во историјата на НБА кој постигнал 50.000 поени во регуларниот дел од сезоната и плејофот. Тоа го направи со тројка во првата четвртина против Пеликанс на домашен терен. Џејмс имаше 49.999 поени, а до големиот момент дојде на асистенција на Лука Дончиќ, кој повлече неколку противнички играчи врз себе, отворајќи слободен удар на спротивната страна.

Словенецот додаде до својот славен соиграч, кој постигна тројка за возбудувања во Стејплс центарот. Сите одбројуваа и знаеја дека ова е натпреварот на кој се очекуваше Леброн Џејмс, да стане првиот кошаркар со 50.000 поени во НБА.

Леброн го постигна подвигот во 22-та сезона од кариерата. Тој одамна ги остави  зад себе Карим Абдул-Џабар, Карл Мелоун, Коби Брајант и Мајкл Џордан, а сега има уште еден импресивен, а многумина мислат недостижен, рекорд.

На крајот ЛА славеше со 136-115, а Леброн дуелот го заврши со 34 поени. Зад него беше Дончиќ со даабл-дабл од 30 поени и 15 асистенции, имаше и 8 скока.

НБА лига:

Индијана Пејсерс – Хјустон Рокетс 115:102
Орландо Меџик – Торонто Репторс 113:114
Атланта Хокс – Милвоки Бакс 121:127
Њујорк Никс – Голден Стејт Вориорс 102:114
Чикаго Булс – Кливленд Кавалирс 117:139
Минесота Тимбервулвс – Филаделфија 76ерс 126:112
Сан Антонио Спарс – Бруклин Нетс 127:113
Феникс Санс – ЛА Клиперс 119:117
ЛА Лејкерс – Њу Орлеанс Пеликанс 136:115

ПретходноЛШ: Брахим Диаз донесе победа за Реал, Арсенал е веќе во четвртфинале (ВИДЕО)
СледноАнчелоти: Моравме да менуваме, влезе Модриќ со сиот свој квалитет и класа!