Полувреме: Вардар со водство на ФФМ, Силекс ја “полни“ Беса, без голови во Струга! (ВИДЕО)

448

Попладнево се играат сите шест средби од 22.коло во ПМФЛ. По првите 45.минути на ФФМ, каде се среќаваат Работнички и Вардар, во 78. Соседско дерби. Вардарци водат со 0:1 и тоа со голот на Спахиу во 37.минута, откако се најде сам пред Алексовски и рутински го совлада. Две минути претходно, Омерагиќ не успеа да реализира пенал за Вардар.

Силекс просто ја наполни Беса уште по првото полувреме.Алиќ, Ѓорѓиевски и Хрвановиќ беа стрелците за кратовци за водство од 0:3.

Во Битола домашниот тим Пелистер и Воска го завршија полувремето без голови, како и на останатите средби.

Шкупи во Кавадарци остана со играч помалку по исклучувањето на Асани а Потук во Струмица од пенал не успеа да му донесе водство на Гостивар.

Интересно е на дербито во Струга, но сепак Струга ТЛ и Шкендија играат 0:0.

ПретходноВчера Реал Мадрид го одигра јубилејниот 500-ти меч во КЕШ/ЛШ!
СледноСамо во Мексико: Фудбалерка постигна спектакуларен гол, еден од најубавите на сите времиња! (ВИДЕО)