Алварез испрати порака до Реал пред реваншот!

1233

Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварез зборуваше по поразот на неговиот тим од Реал Мадрид со 1-2 во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите.

„Дадоа гол во вистинските момент. Многу брзо примивме, па израмнивме. Го контролиравме натпреварот и играта, но тие играа на свој терен и имаат одличен состав. Но, знаеме дека има уште 90 минути“, рече Алварез.

Фудбалерот успеа да го израмни резултатот во 32. минута, откако неговиот тим заостана на самиот почеток од мечот, но тоа не беше доволно и „кралевите“ победија со уште еден гол по паузата.

„Голот беше одличен, одлично беше израмнувањето и имавме шанси да ги искористиме. Ни остануваат уште 90 минути дома пред нашите навивачи“, додаде Алварез.

Реванш натпреварот е закажан за 12. март.

ПретходноФерари го доби судскиот спор, Астон Мартин во големи проблеми
СледноПМФЛ: Струга ТЛ сака крај на црната серија а Шкендија сака “четири од четири“ пролетва! Тиквеш оди на победа со Шкупи!