Вардар нема примено гол 360 минути

320

Дека ова е некој нов Вардар што го гледаме пролетва, тоа е и повеќе од јасно. Дека тимот е сосема поинаков од она што есеноска играше во „црвено – црниот“ дрес е лесно воочливо.

Вардар игра пролетва, посгитнува голови, напаѓа, но што е уште поважно. Не прима голови. По стартниот пораз од Шкендија на Арената, четири меча Вардар, (вклучувајќи го и куп мечот против Силекс) не прими гол.

Вкупно 360 минути. Токму затоа Вардар по долг период излезе од опасната зона на ПМФЛ табелата, и планира таму и да остане.
Гостувањето во Струга, мечот со Силекс, ремито со Беса и победата над Работнички денеска, се се тоа мечеви во кои Давор Талески не прими гол. Дефанзивата е таа која што одигра голема улога пролетва. Стоперите Пинтер, Сенхор, Матиќ, бековите Маневски, Јанкулов, Мурџески, се се тоа новајлии во тимот кој и тоа како покажаа дека се засилувања за Вардар пролетва. Покажаа зошто се тука, но и дека знаат како се носи дресот на Вардар.

 

ПретходноФФМ премиерно воведува платформа за купување на билети (ВИДЕО)
СледноВардар вели, главни сме во Скопје