Луд награден фонд за Светското клупско првенство: ФИФА ќе подели 1 милијарда долари!

94

ФИФА вети вкупна наградна сума од 1 милијарда долари за учесниците на проширеното Светско клупско првенство ова лето. Шампионатот со нов формат ќе се одржи ова лето во САД на кој ќе се натпреваруваат голем број клубови од сите континенти и притоа ќе имаат одлична заработка.

ФИФА ќе понуди вкупна наградна сума од неверојатни една милијарда долари, која ќе биде распределена меѓу тимовите кои ќе учествуваат на турнирот. Европа на турнирот ја претставуваат Реал Мадрид, Манчестер Сити, Баерн Минхен, Челзи, ПСЖ, Интер, Борусија Дортмунд, Атлетико Мадрид, Јувентус, Порто, Бенфика и Салцбург.

Лионел Меси и Луис Суарез најверојатно ќе бидат во составот на американски Интер Мајами, кој во воведниот меч ќе се соочи со египетскиот клуб Ал Ахли.

ПретходноУ16: Закажани четири контролни средби
СледноЛШ ПОЛУВРЕМЕ: ПСЖ промашуваше зицери, Барса со играч помалку во Лисабон (ВИДЕО)