Омерагиќ: Поддршката од УЕФА и од претседателот Чеферин ни значи многу! Остануваме посветени на целите за напредок на македонскиот фудбал!

135

Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина беше домаќин на раководните луѓе на 12 европски фудбалски сојузи.   Во Сараево се одржа регионален состанок на фудбалските функционери, претседатели и генерални секретари од асоцијациите на Југоисточна Европа, на кој присуствуваа високи гости од Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), меѓу кои и претседателот Александар Чеферин и директорот на националните асоцијации Зоран Лаковиќ.

Фудбалската федерација на Македонија ја претставуваа претседателот, Масар Омерагиќ и генералниот секретар, Дрилон Ганиу.

„Со федерациите од регионот делиме слични предизвици и затоа нашето учество на регионалните состаноци е значајно. Исто така, секогаш е корисно да споделиме искуства, да разговараме и бараме решенија за одредени прашања.
Заедно со колегите од регионот дискутиравме за различни прашања кои се однесуваат на Националните првенства, споделување податоци околу стратешките цели и финансиски анализи, потоа предизвици околу судењето…
Особено нѐ радува поддршката која ја имаме од УЕФА и претседателот Александар Чеферин. Следниот состанок ќе го имаме на Конгресот на УЕФА во Белград и остануваме посветени на целите кои ќе донесат напредок за македонскиот фудбал”, изјави првиот човек на ФФМ, Масар Омерагиќ. 
ПретходноСРЕЌЕН ФЕВРУАРИ СО ВЛТ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА им исплати на играчите 54.535..407 денари
СледноДиас постигна гол, па ги загуби нервите: Зборувај сега, зборувај сега…(ВИДЕО)