Денеска од 14 часот се играат сите шест средби од 22.коло или последно во вториот круг за тековната сезона. Некаде после 16 часот ќе се знае и целиот распоред по “Бергер“ за третиот круг, односно за последните 11 кола.
Покрај скопското дерби меѓу Работнички и Вардар, кое се игра на ФФМ, јасно е дека денеска вниманието ќе биде свртено кон дуелот меѓу Струга ТЛ и Шкендија. Меѓу актуелниот шампион и веројатно идниот шампион, како што сега стојат работите на табелата.
Струга ТЛ е во голема резултатска криза. На првите три меча оваа пролет не освои ниту бод, има три порази па токму затоа стружани и се “острат“ на Шкендија денеска со победа колку толку да го залечат раните. За разлика од нив тетовци силовито ја започнаа пролетната полусезона. И затоа сакаат и четврта победа во низа, или вкупно петта со таа од Купот оваа пролет.
Супер интересно ќе биде и во Кавадарци каде Тиквеш го дочекува Шкупи. Ова за домашните ќе биде еден од најважните мечеви сезонава, а Шкупи исто како и Шкендија оди по “четири од четири“ оваа пролет.
Во Гостивар силите ќе ги одмерат Беса и Силекс, навистина ќе биде “жешко“ на оваа средба со оглед на тоа дека и на двете екипи бодовите им се повеќе од потребни.
Пелистер ја пречекува Воска, а во Струмица играат Брера и Гостивар.
ДВОЈКИ ЗА 22.КОЛО – ДЕНЕСКА 14 Ч
Кавадарци: Тиквеш – Шкупи
Битола: Пелистер – Воска
Струмица: Брера – Гостивар
Скопје: Работнички – Вардар
Гостивар: Беса – Силекс
Струга: Струга ТЛ – Шкендија
ТАБЕЛА
Шкендија 46, Силекс 41, Работнички 41, Гостивар 40, Струга ТЛ 32, Шкупи 31, Пелистер 23, Брера 20, Воска 18, Вардар 17, Тиквеш 15, Беса 15…