Попладнево се играат сите шест средби од 22.коло во ПМФЛ. По првите 45.минути на ФФМ, каде се среќаваат Работнички и Вардар, во 78. Соседско дерби. Вардарци водат со 0:1 и тоа со голот на Спахиу во 37.минута, откако се најде сам пред Алексовски и рутински го совлада. Две минути претходно, Омерагиќ не успеа да реализира пенал за Вардар.
Силекс просто ја наполни Беса уште по првото полувреме.Алиќ, Ѓорѓиевски и Хрвановиќ беа стрелците за кратовци за водство од 0:3.
Во Битола домашниот тим Пелистер и Воска го завршија полувремето без голови, како и на останатите средби.
Шкупи во Кавадарци остана со играч помалку по исклучувањето на Асани а Потук во Струмица од пенал не успеа да му донесе водство на Гостивар.
Интересно е на дербито во Струга, но сепак Струга ТЛ и Шкендија играат 0:0.