Соседско дерби бр.78: Работнички и Вардар во нова битка за Скопје!

218

Во Македонија има неколку дербија како Вардар – Пелистер, Шкендија – Вардар, има и скопски пресметки како Шкупи – Вардар, но “Соседското“ дерби меѓу Вардар и Работнички е нешто посебно. Ова е таа скопска класика, дуел на најтрофејните, дерби со посебен шмек и дерби кое никогаш ништо не се знае однапред.

Овие дуели се играле на Арена, во Ѓорче, на Маџари, па и во Велес, ама денеска за првпат, во рамките на 22.коло, Работнички и Вардар меѓусебе ќе играат на ФФМ, а познато е зошто.

Оваа средба е закажана за 14 часот и оваа средба е од екстра значење како за Работнички, кој провизорно е домаќин, така и за гостинот Вардар. На едниот победата му треба за да остане во битка за самиот врв на табелата а на другиот тим да избега што побргу од опасната зона. Ако на минатите неколку средби Работнички беше фаворит, сега веќе не е така. Овој денешен Вардар има сила и квалитет и тоа како да му се спротистави на тимот на Горан Станиќ кој оваа сезона е најпријатното изненадување во ПМФЛ. Вардар со Гоце Седлоски на клупата и со засилениот и поквалитетен ростер и тоа како има што да каже. А и фактот дека томму Седло беше тренер на Работнички, на многумина од сегашните играчи, тоа е предност за Вардар.

Оваа нова битка за Скопје е “Соседско“ дерби број 78. Кога сме кај традицијата таа вели дека досега Работнички има 25 победи, 19 пати било нерешено, а Вардар има 33 победи со гол разлика 79:94 за Вардар. Последниот меч меѓу овие две екипи одигран во октомври минатата година на Арената, заврши без голови.

Па така време е за нова серија од епизодата “Работнички – Вардар“ или “Вардар – Работнички“,епизода бр.78. Колку за потсетување. Овие 77 дербија се од есента 1998 година па наваму, откако Работнички влезе во ПМФЛ, јасно е дека претходно во екс – Југославија имаа и тоа какви дуели, претежно во Втората лига на поранешната држава.

Време за старата скопска класика, за дуелот најтрофејните, време е за еден убав, квалитетен меч со мотиви до небо.

Секако дека и за тренерскиот дуел Станиќ VS Седлоски.

ПретходноАнчелоти: Моравме да менуваме, влезе Модриќ со сиот свој квалитет и класа!
СледноФерари го доби судскиот спор, Астон Мартин во големи проблеми