Тимур Дибиров го одигра последниот меч во Лигата на шампиони. Легендата на Вардар 1961 најави дека по оваа сезона ќе стави крај на професионалната кариера. Со оглед на тоа дека ППД Загреб не успеа да обезбеди пласман во плеј-офот, мечот против Кјелце на домашен терен беше последен за него во ЛШ. Хрватскиот тим не успеа да дојде до победа, беше совладан од Кјлеце со 26-27. За полскиот клуб овој триумф значеше пласман во следната рунда, го фати последниот воз како шестопласиран тим од групата Б.
Дибиров мечот го заврши со два гола од четири обиди. Во Лигата на шампионите најубавите денови ги помина со Вардар со кого освои две шампионски титули. Тој останува запишан во историјата на Лигата на шампиони како четвртти најдобар стрелец со нешто од над 1.200 голови. Прв стрелец е нашиот Кирил Лазаров со 1363 погодоци.
𝗧𝗵𝗮𝗻𝗸 𝘆𝗼𝘂 𝗠𝗿 𝗗𝗶𝗯𝗶𝗿𝗼𝘃 👑. Thank you for getting us out of our seats, for making us believe in magic ✨🪄 and for making #handball a more beautiful sport 🥹 #ehfcl #CLM pic.twitter.com/IvhLh2P7Pb
— EHF Champions League (@ehfcl) March 5, 2025
Барселона со убедлива победа ја заврши групната фаза, откако на домашен терен славеше против Колстад со 36-27. Шпанскиот тим има 10 победи, две ремија и два порази, за прво место во групата Б.
Во истата група до победа дојде Магдебург кој славеше против Сегед на домашен терен со 31-24. Бундес-лигашот го освои четвртото место, додека пак унгарскиот состав зад него. Како ќе изгледа табелата во оваа група ќе биде познато вечер после мечот меѓу Нант и Кил.