Требаше да биде новиот Меси, а сега на 22 години мора во С. Арабија или Катар!

367

Неверојатен, шокантен пад во кариерата на фудбалерот кој требаше да биде новиот Меси. Се разбира дека тука мислиме на Ансу Фати, некогаш најголемиот талент на Барселона и светскиот фудбал.

Кога се појави на сцената пред 5-6 години јасно беше дека е мега – талент, дека ги ма сите предиспозиции да го замени Лео Меси прво во Барса а потоа и во светскиот фудбал.

Но некои работи во животот и посебно во фудбалот не одат како што можеш да ги посакаш. Повредите, позајмицата во Брајтон каде што не се покажа најдобро.

И тоа делуваше отрезнувачки за младиот Фати кој доби уверување од Ханси Флик дека ќе добие шанса. Доби, ама не ја искористи и затоа порака на Германецот беше дека тој на него не смета во следната сезона и дека најдобро ќе биде да си побара нова средина.

Па така со оглед на повредата на коленото и фактот дека не е баран на фудбалската берза, Ансу Фати во јуни ќе прави сензационален трансфер, барем според медиумите во Шпанија.

Се говори дека младиот напаѓач има убави понуди од клубови од Катар и С. Арабија и подготвен една од тие и да прифати.

ПретходноВардар со порака до Дибиров: Ќе останеш секогаш нашиот спортски херој!
СледноЛаутаро од денеска е најдобриот стрелец на Интер во ЛШ