ТФТ го „секна“ Вардар, и го остави на 37 коша

53

Ретко се случува во машка кошарка еден тим да даде под 40 коша. Е токму тоа му се случи на тимот на Вардар кој што на гостувањето кај ТФТ вечерва загуби со преку 50 поени разлика. Конечните 90:37 се само одраз на силите на терен на кој постоеше само еден тим.

Кај домаќинот најдобар на терен, Герет Браун со 15 поени, и осум скока, додека следуваше Зафиров со 14 поени, па Ташовски со 12, Стојановски со 11 и Бајрам со девет.

ТФТ сега со 19 одиграни мечеви има 32 бода колку и МЗТ на лидерската позиција, но тимот од Аеродром има меч помалку.

ПретходноМојсов: Најслаб меч на Тиквеш откако сум тренер, но најслатка победа
СледноФенербахче го задржува Мурињо со нов договор