Фенербахче го задржува Мурињо со нов договор

112

Фенербахче има намера да го продолжи договорот со Жозе Мурињо, објави турскиот весник Фанатик. Претседателот Али Коч има намера да даде „поттик“ на самодовербата на тимот, кој ја намали разликата од Галатасарај во табелата во Супер лигата на четири бода.

Во убедливата победа од 3:0 на тимот од Истанбул против Анталијаспор, португалскиот тренер го одлежа последниот меч од суспензијата и во следната рунда би можел да се врати на клупата за резерви.

„Специјалниот“ има договор до 2026 година, но истиот извор тврди дека наскоро се очекува средба меѓу него и претседателот на која ќе му биде понудено продолжување на договорот за уште една година, односно до летото 2027 година.

Али Коч сака долги години да работи со Жозе Мурињо, без разлика на резултатите од оваа сезона.

ПретходноТФТ го „секна“ Вардар, и го остави на 37 коша
СледноНавивачите на Манчестер Ј. почнуваат со протести: Клубот полека умира!