Работнички – Вардар 0:2. Тоа е епилогот од денешниот дуел на ФФМ во Соседското дерби бр.78. Подобар Вардар, си даде два гола, промаши и пенал и сосема заслужено славеше тимот на Гоце Седлоски. Па така вардарци го продолжуваат победничкиот тренд оваа пролет. Сега и дефинитивно полесно се дише, сега Вардар и дефинитивно бега од опасната зона на табелата.
Спахиу и Мато го “решија“ Работнички од кого објективно повеќе се очекуваше на оваа скопска пресметка.