Клоп ја отфрли кандидатурата на Тен Хаг за тренер на Лајпциг!

184

И дефинитивно Ерик тен Хаг нема да седне на клупата на РБ Лајпциг. Ова го пренесуваат медиумите во Германија и Англија. Како што се вели во информацијата, откако Марко Розе е пред отказ, поранешниот тренер на Ливерпул а сега главен директор на Ред Бул за глобални прашања, Јирген Клоп ја блокирал или отфрлил кандидатурата на Холанѓанецот за нов стратег на “биковите“ од Лајпциг.

Според Клоп тројца кандидати се подобри од Тен Хаг, а тие се Себастијан Хенес (Штутгарт), Оливер Гласнер (Кристал Палас) и Роџер Шмит (поранешен тренер на Бенфика).

Да потсетиме дека Тен Хаг миатиот октомври доби отказ од Манчестер Јунајтед поради слабите резултати и беше заменет со Рубен Аморим, кој пак има ужасни резултати со гигантот од “Олд Трафорд“.

ПретходноСамо во Мексико: Фудбалерка постигна спектакуларен гол, еден од најубавите на сите времиња! (ВИДЕО)
СледноПМФЛ: Спахиу и Мато го “решија“ Работнички, шампионот го декласира лидерот, Тиквеш и Гостивар во финишот до победи (ВИДЕО)