ПМФЛ: Спахиу и Мато го “решија“ Работнички, шампионот го декласира лидерот, Тиквеш и Гостивар во финишот до победи (ВИДЕО)

774

Се одиграа сите шест средби од 22.коло во ПМФЛ или последно во вториот круг сезонава.

На теренот на ФФМ во Соседското дерби бр.78., Вардар како гостин успеа да го победи Работнички со 0:2. Тоа значи дека Вардар е “главниот“ во Скопје откако попладнево ја доби битката за гланиот град.

Тимот на Гоце Седлоски беше подобар, а со головите на Спахиу и Мато, сосема заслужено славеше. Треба да се каже дека Омерагиќ не реалзираше пенал, па така можеше да биде и 0:3 за Вардар.

Силекс со 0:5 просто ја декласира Беса. Одличен настап на кратовци, кои ако не застанеа малку во вториот дел можеа да слават и поубедлива победа.

Струга ТЛ конечно покажа зошто е шампион. Со 3:0 просто го разби лидерот Шкендија, интересно два гола беа дело на дефанзивецот Радиќ а третиот беше дело на Радески.

Пелистер со голот на Бошковски ја победи Воска.

Супер интересно беше во финишот во Кавадарци и Брера. Имено се играше 89.минута кога Садик донесе водство и победа за Тиквеш против Шкупи. Исто во 89.минута Ли Ервин стрелаше за Гостивар за победа на гости кај Брера.

РЕЗУЛТАТИ – 22.КОЛО

БРЕРА – ГОСТИВАР 0:1

(/Ли Ервин)

БЕСА – СИЛЕКС 0:5

(/Алиќ 3., Ѓорѓиевски 29., Хрвановиќ 37., Маронг 47., Донов 57.)

ПЕЛИСТЕР – ВОСКА 1:0

(Бошковски 65./)

РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР 0:2

(/Спахиу 37, Мато 90+1.)

СТРУГА ТЛ – ШКЕНДИЈА 3:0

(Радиќ 50., 68, Радески 62./)

ТИКВЕШ – ШКУПИ 1:0

(Берат Садик 89./)

ПретходноКлоп ја отфрли кандидатурата на Тен Хаг за тренер на Лајпциг!
СледноОва е распоредот за третиот круг: Вардар на гости во Кратово, па дома со Шкендија! (ФОТО)