Тренерот на ПСВ Ајндховен, Петер Бош зборуваше по поразот од неговиот тим од Арсенла од 1-7 во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите.
„Ужасна ноќ за нас. Немавме шанси. Можеби два моменти од натпреварот – нашата прва шанса по 15 минути, кога ја погодивме стативата. Фудбалски немавме шанса. Не бевме во најдобра форма. Арсенал одигра фантастично“, изјави Бос.
Ова беше најголемата загуба на европските клупски турнири во 112-годишната историја на холандскиот гигант.
„Имавме план, ги анализиравме, мислевме дека некаде можеме да ги повредиме, но ако погледнете како се браневме – навистина лошо. Не можете да постигнете успех ако играте така“, додаде Бос.
Понатаму, никогаш досега во битка на турнирите на Стариот континент не дозволиле пет или повеќе голови на својот стадион.
„Не можев да замислам дека некогаш ќе загубам со толку голема разлика и играчите беа разочарани. Нам ни е важно за неколку дена да се вратиме во првенството. Ќе го анализираме овој натпревар и ќе им помогнеме на играчите кои загубија толку многу, мораме да им помогнеме“, додаде Бос.
Сега ги очекува многу тежок реванш Холанѓаните кои ќе им гостуваат на „топџиите“ во реваншот на 12 март (среда).
„Мораме да го прифатиме, но тешко е. Мораме да го направиме тоа брзо бидејќи имаме само 10 натпревари, па сега ни требаат мажи“, заклучи Бос.