Младата фудбалска репрезентација на Македонија за играчи до 16 години ќе одигра четири пријателски средби во периодот од 19 до 25 март.
Младите надежи кои се под водство на селекторот Драган Начевски, закажаа две контроли против своите врсници од Естонија кои ќе се одиграат во Скопје на 19 и 21 март на терените на ФФМ, како и две пријателски средби со репрезентациите на Киргистан и Русија кои ќе се одиграат на 23 и 25 март во Анталија.