ФФМ премиерно воведува платформа за купување на билети (ВИДЕО)

263

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) официјално ја стави во употреба својата on-line платформа (eticket.ffm.mk) за продажба на влезници за натпреварите на македонската репрезентација.

Навивачите и сите поддржувачи на нашиот национален тим ќе можат да купуваат билети директно преку нашата нова веб-платформа, (eticket.ffm.mk), овозможувајќи побрз, побезбеден и поедноставен начин за поддршка на нашата репрезентација и домашните фудбалски натпревари.

Во неколку чекори подгответе се за натпреварот: 

1. Посетете ја платформата eticket.ffm.mk;

2. Изберете натпревар;

3. Одберете седиште;

4. Извршете уплата;

5. Преземете го дигиталниот билет;

Со оваа платформа добивате: Безбедно и лесно купувањена билети, предвремен пристап до влезници, дигитални и мобилни опции за нарачка и купување на влезници и ажурирање во реално време за достапноста на билетите.

Електронската платформа eticket.ffm.mk е достапна на македонски, албански и англиски јазик.

Посетете ја eticket.ffm.mk за повеќе информации и бидете дел од поинакво фудбалско искуство.

Напред Македонија!

ПретходноВардар се прашува во Скопје! (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноВардар нема примено гол 360 минути