Димитријевиќ: Жал ми е што не одиме на ЕП, немавме среќа, а и некои работи не ни одеа

65
Фото: ФИБА

Најдобриот македонски кошаркар, Ненад Димитријевиќ, во интервју за „Спортклуб“ изрази жалење што Македонија не успеа да се пласира на завршницата на Евробаскетот оваа година.

„Нашата цел беше да се пласираме на ЕП, но за жал не успеавме. Немавме доволно среќа, некои работи не ни одеа. Да немав грчеви против Естонија, можеби се ќе беше поинаку, бидејќи покажавме на гостувањето против Полска, каде одигравме фантастично, дека можеме да се носиме со секого. После тоа нè зафатија повредите на странците Хап и Вајли, кои имаат македонски пасоши, па ни се придружи и Ти Џеј Шортс, кој е фантастичен играч, но мислам дека сепак повеќе ни недостасуваше центарската позиција. Дадовме се од себе, но не успеавме да се пласираме на Евробаскет, исто како Хрватска, која ме изненади бидејќи имате многу талентирани играчи“, вели Нено.

За настапите со Милано во Евролигата, нашиот репрезентативец вели дека е трпелив и ја чека својата вистинска шанса.

„Кога донесоа нов играч во клубот мојата минутажа се намали, но со текот на времето научив да бидам трпелив. Во Евролигата, мора да бидете подготвени во секое време да помогнете и се надевам дека ќе ја постигнеме нашата цел да се пласираме во топ 8. Сепак, оваа сезона во Евролигата е навистина најнеизвесна досега кога е во прашање борбата за плеј-офот. Со две победи можете да скокнете пет позиции нагоре, а со два порази да бидете на прагот на елиминација од плеј-офот. Според мене, Олимпијакос игра најдобра кошарка затоа што повеќето играчи се заедно долги години и го имаат тој систем со тренерот Барцокас во кој сите играчи ја имаат топката. Заедно со нив, секако е и Панатинаикос каде играчите имаат целосна слобода во играта. Тука е и Фенербахче со тренерот Јасикевичиус, кој според мене е тактички мајстор“, додаде нашиот кошаркар.

ПретходноТрајковски вечерва почнува на ЕП во сала: Целта е пласман во финалето!
СледноНојер се повреди додека го прославуваше голот против Баер (Л)