Е. Пелистер пред полна сала бара победа над ПСЖ за крај на евро-сезоната

62
Фото: ПСЖ/Твитер

Македонскиот ракометен првак Е. Пелистер, вечерва во компетно распродадената сала „Боро Чурлевски“ ќе го одиграат последниот меч од тековната сезона во Лигата на шампионите. На гости доаѓа ПСЖ, а иако останаа без шанси за нокаут фазата, битолчани очекуваат уште еден одличен настап и потврда на сезоната со голема победа над еден од најсилните тимови на европската сцена.

„Мислам дека бевме добри во изниматиот период. Ги победивме важните натпревари против Алкалоид, Охрид и Динамо Букурешт. За жал нема да ја поминеме групата во Лигата на шампионите. Дуелот против ПСЖ е празник за луѓето во Битола, бидејќи ни доаѓа една од најдобрите светски екипи. Треба да се покажеме во вистинско светло, да дадеме максимум како и на сите натпревари досега и да се обидеме да победиме. Знаеме дека ПСЖ ќе дојде мотивиран во Битола, бидејќи важно им е да завршат второпласирани во групата и директно да се пласираат во четвртфинале. Ќе дојдат во најсилен состав и со мотив да победат. Сакам да се заблагодарам за атмосферата во Лигата на шампионите оваа сезона. Навистина ги имаме најдобрите навивачи во Европа“, изјави пред мечот српскиот бек Борзаш.

Мечот вечерва во Битола стартува од 20.45 часот.

ПретходноНојер се повреди додека го прославуваше голот против Баер (Л)
СледноАвтобусот ги чека репрезентативците: „Горди под сонцето, храбри во срцето“ (ВИДЕО)