Голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер не успеа да ја заврши средбата со Баер (Л) синоќа во осминафиналето на Лигата на шампионите. Баварците победија со 3-0, а голманот на стартот од вториот дел беше заменет со дебитантот Јонас Урбих. По натпреварот стана јасно дека ветеранот се повредил додека го прославувал вториот гол на натпреварот, кој го постигна Џамал Мусиала.
„Се уште немам информации за Ману, но точно е дека се повреди додека славеше. Треба да почекаме и да видиме“, изјави по натпреварот тренерот на Баерн, Винсент Компани.
Компани во следните натпревари најверојатно ќе мора да смета на младиот Урбих. Младинскиот репрезентативец на Германија дојде од Келн оваа зима.