Причард и Вајт испишаа историја за Бостон, Кливленд обезбеди плеј-оф

84

Кошаркарите на Денвер го совладаа Сакраменто со 116:110 со одлична партија на Расел Вестбрук, кој средбатаја заврши со 25 поени. Џамал ​​Мареј додаде 24 поени и осум асистенции, додека Јокиќ забележа 22 поени, 15 скока и шест асистенции.

Лос Анџелес Клиперс го совлада Детроит со 123:115 прекинувајќи ја серијата од три порази. Џејмс Харден постигна извонредни 50 поени.

Вашингтон на домашен терен ја совлада Јута со 125:122 и ѝ го нанесе третиот последователен пораз. Бостон го совлада Портланд со 128:118, а Пејтон Причард и Дерик Вајт станаа првите соиграчи во историјата на Селтикс кои постигнале 40 или повеќе поени на ист натпревар. Причард натпреварот го заврши со 43 поени, додека Вајт постигна 41 поен.

Кливленд го совлада Мајами со 112:107, со што обезбеди пласман во плејофот на 20 натпревари до крајот на сезоната. Оклахома беше подобра од Мемфис со 120:103, со 41 поен на Шеј Гилџес-Александер, забележувајќи го петтиот последователен триумф, додека Милвоки, предводен со 34 поени од Демијан Лилард и 32 поени од Јанис Адетокунбо го совлада Далас со 137:107.

ПретходноЖестока казна за Фонсека: Суспензија од 9 месеци, Лион бара нов тренер
СледноЛуис Енрике разочаран: Ова беше многу, многу неправедно