Ставре Јада е прв наш спортист кој обезбеди квота за учество на ЗОИ во Милано 2026

160

Македонскиот нордиец Ставре Јада, како наш претставник на Светското првенство во Трондхејм, Норвешка, успеа да обезбеди квота за учество на Зимските Олимписки Игри 2026 во Милано.

Во исклучително силна конкуренција на светската елита, Јада ги извозе квалификациските трки со огромна борбеност и желба за успех. На 27 февруари, на квалификациската трка, го зазеде 126-то место од 182 натпреварувачи, додека на 10 км класичен стил се пласираше на 107-то место. Вчера, во тимскиот спринт на 1.3 км, забележа одличен настап и се најде на 41-то место.

„Овој резултат е доказ за упорноста, трудот и посветеноста на македонските скијачи, кои и покрај сите предизвици, чекорат храбро напред кон светската сцена. Јада не само што стекна уште едно непроценливо искуство на најголемата сцена во нордиското скијање, туку и го постави темелот за македонскиот настап на Олимписките игри во Милано 2026! Со македонскиот борбен дух и несебична посветеност, продолжуваме да ја пишуваме историјата на нашето скијање!“, порачаа од Скијачката федерација на Македонија.

ПретходноСлот: ПСЖ е како Манчестер Сити, доминираат еден на еден, моравме да се браниме
СледноПАОК со Јошко и Љафтов се пласираше и во полуфиналето на грчкиот куп