Македонскиот интернационалец и поранешен младински репрезентативец, Влатко Дробаров веќе подолг период бележи одлични настапи во тимот на Черно Море. Стоперот со својот тим константно годиниве е во самиот врв на табелата, имаа и евро настап изминатото лето, а и сезонава се на пат да изборат европско лето.
Па така, со оглед на добрите игри, Дробаров често е сврствуван во најдобрите единаесет на бугарскиот шампионат, а прецизните статистичари велат дека тој е во петте најдобро оценети дефанзивци сезонава. Со просечна оцена од 7.15 пред нашиот интернационалец се само дефанзивците на Левски, Цинами и Димитров, како и неговиот соиграч од Черно Море, Атанасов.