Алкалоид „испорача“ 41 гол во мрежата на Куманово

52

Алкалоид без мака дојде до 19-та победа во Супер-лигата, откако во претполесното коло во овој ранг на натпреварување славеше против Куманово на гостински терен со убедливи 27-41 (10-19).

Мечот беше решен после едно полувреме. Избраниците на Кирил Лазаров отворија со 2-7, а пред одморот со три гола во низа поведоа со плус девет (10-19). Веднаш на стартот на вториот дел дојдоа до двоцифрени 10-20 и го најавија триумфот. На другата страна Куманово беше немоќен, немаше одговор против фаворитот.

Петковски со 13 гола беше прв стрелец кај актуелниот освојувач на Купот на Македонија, зад него беше Дамјан Митев со пет погодоци. Кај поразениот состав, Хенн Џианкарло имаше девет погодоци.

Во следното коло Алкалоид на домашен терен го пречекува ГРК Охрид, овој меч ќе се игра после репрезентативната пауза.

ПретходноАнчелоти: Понекогаш сакам да сум мува…
СледноЛЕ: Јунајтед до реми на „Аноета“, дебакл на Жозе и Фенер среде Истанбул!