Алонсо: Горд сум на Битола и на моите играчи!

79

Пелистер не успеа да приреди сензација во последниот меч во Лигата на шампиони оваа сезона. Иако ракометарите на актуелниот македонски првак имаа максимална поддршка, сепак ПСЖ не дело покажа зошто е фаворит, на крајот славеше со 26-35.

И покрај поразот тренерот на Пелистер, Раул Алонсо е горд на своите играчи. Тој на прес-конференцијата потенцира дека овие мечеви ќе ги направат неговите ракометари посилни, беше среќен за поддршката од публиката.

„Многу сум горд на Битола и моите играчи, затоа што денес дадовме се што можевме од нашите редови. Имавме тешка недела со ракометари кои беа болни, па не беше лесно да се подготви овој дуел. Знам дека е тешко за секој тим, но имавме многу тешки денови. Мечот тргна лошо за нас, ПСЖ е одличен тим со светска класа играчи, ги искористија првите минути да направат разлика, но ние се вративме, се боревме добро. Беше тешко да се остане во мечот, секогаш бевме два до три гола зад ривалот. Можеби не бевме и доволно добри во одбраната. На полувреме губевме пет гола, пак се вративме, покажавме енергија во последните минути, но мора да прифатиме дека нашето ниво не беше доволно да се носиме со ПСЖ. Ама, како што кажав, јас сум горд на овие играчи, дадоа се од себе. Овие мечеви ќе ги направат посилни. На крајот шанса добија и помлади играчи, па среќен сум затоа што нашата публика ја препозна нашата борба и цело време беше зад нас“, изјави Раул Алонсо.

ПретходноЛК: “Македонскиот“ Борац во 90+2.минута од пенал “извади“ реми со Рапид, Чурлинов излезе па Јагиелонија даде три гола!
СледноЛЕ: Рома со пресврт до триумф на “Олимпико“, чудесна победа на Лацио кај Плзен!