Анчелоти: Понекогаш сакам да сум мува…

105
ФОТО: FC Real Madrid/Twitter

Карло Анчелоти често е на удар на шпанската јавност. Причината се Арда Ѓулер и Ендрик кои не добиваат многу шанси за настап.

Талентираните ѕвезди на Реал Мадрид очекуваа поголема минутажа. Анчелоти и понатаму верува дека играат како што треба во тим како Реал, особено кога се знае дека едниот има 20, а другиот 18 години.

Сега славниот Италијанец реши да одговори на повикот за младите играчи. Тоа го направи во свој стил.

„Луѓето велат дека не им давам шанса на младите играчи? Понекогаш ми се чини дека ние тренерите не сме доволно ценети“, изјави Анчелоти и додаде:

„Понекогаш посакувам да сум мува на ѕидот и да слушам што велат играчите кога ќе си одат дома по натпревар на кој не играле. Има многумина кои се расправаа со мене за тоа“, рече Дон Карло.

Што и да каже некој, Анчелоти е тој што го избира тимот што ќе игра. Тој смета дека Арда и Ендрик се уште не се на нивото на кое треба да бидат стандардни.

Исто така, конкуренцијата во мадридскиот гигант е огромна и овие момци едноставно добиваат онолку минута колку што Италијанецот моментално може да им понуди.

Сепак, на повидок е решение за нивните проблеми. Позајмица во Бундеслигата следната сезона е многу можна и Реал ќе им го претстави овој план на младите фудбалери.

Оваа сезона Арда Ѓулер настапи на 29 натпревари и има три гола и пет асистенции. На теренот помина 1082 минути.

ПретходноНејмар се врати во селекцијата на Бразил! (ФОТО)
СледноАлкалоид „испорача“ 41 гол во мрежата на Куманово