Нова фантастична партија е зад Мартин Томовски во Бундес-лигата после 18-те одбрани против Магдебург. Македонскиот репрезентативен голман овој пат ја круниса со победа, не било каква, туку прва оваа сезона за неговиот Постдам.
Тимот на Томовски на домашен терен славеше против Штутгарт со 28-25 во меч од 22. коло во Бундес-лигата. Ова е прв триумф после цели 19 кола во кој неговиот клуб има дури 19 порази.
Македонскиот голман зад своето име запиша десет одбрани, две од нив се од седум метри.