Информацијата од ФИБА вели, кошаркарите против Хрватска или Бугарија во атак на следното СП

139
Фото: ФИБА

Македонската кошаркарска репрезентација се наоѓа во вториот шешир за претстојната ждрепка која што ќе се одржи на 14 март. ФИБА денеска ги одреди насоките за следната ждрепка која што е наменета за СП 2027 година. Селекциите ќе бидат поделени во три барабани, а Македонија е во оној вториот. Само по две селекции од сите извлечени четири групи ќе одат понатаму во квалификацискиот циклус.

Македонија е во ист барабан заедно со Холандија, Данска и Словачка, што значи дека нема да игра против нив во групната фаза. Меѓу потенцијалните противници се и селекциите на Швајцарија, Романија, Австрија и Норвешка, но најголема закана се Хрватска и Бугарија, кои доаѓаат од првиот шешир и важат за фаворити во претквалификациската фаза, заедно со Унгарија.

Мечевите се закажамни за на лето односно од 2 до 29 август, и ќе се игра во двокруѓен систем. Рековме, најдобрите две селекции одат во главните квалификации за Мундијалот. Третопласираните пак ќе играат предквалификации за ЕП во 2029 година.

Прв шешир:

Хрватска
Украина
Унгарија
Бугарија

Втор шешир:

Холандија
Македонија
Данска
Словачка

Трет шешир:

Швајцарија
Романија
Австрија
Норвешка

ПретходноТИМ И ИГРАЧ НА 22.КОЛО: Радиќ ја декласира Шкендија
СледноСПЕЦИЈАЛНА ОЛИМПИЈАДА НА МАКЕДОНИЈА ВО ПРИОРИТЕТИТЕ НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА СПОРТ