Вечерва се одиграа и останатите четири први мечеви од 1/8 финалето во Лигата на Европа. Секако дека најинтересно беше на “Олимпико“ во Рим, каде домашната Рома иако губеше со 0:1 против Билбао, сепак на крајот го сврте резултатот во своја корист за победа од 2:1 и тоа со голот на Шомуродов во 90+4.минута. Па така на реваншот во Баскија следната недела ќе оди со предност.
Чудесна победа на Лацио на гости кај Плзен. Се играпше 90+8.минута при резултат 1:1, а гостите имаа и два играчи помалку на теренот, но Исаксен сепак погоди за триумф од 1:2.
Франкфурт како гостин славеше кај Ајакс со 1:2 и е на чекор до следната фаза, а Бодо/Глимт просто го распарчи Олимпијакос со 3:0 на свој терен.
РЕЗУЛТАТИ 1/8 ФИНАЛЕ (ПРВИ МЕЧЕВИ)
АЈАКС – ФРАНКФУРТ 1:2
(Броби 10./Ларсон 28., Шкири 70.)
РОМА – БИЛБАО 2:1
(Ангелино 56., Шомуродов 90+4./И. Вилијамс 50.)
БОДО/ГЛИМТ – ОЛИМПИЈАКОС 3:0
(Цолакис (авт) 13., Хог 45., 55./)
ПЛЗЕН – ЛАЦИО 1:2
(Дуросинми 53./Ромањоли 18., Исаксен 90+8.)