ЛЕ: Јунајтед до реми на „Аноета“, дебакл на Жозе и Фенер среде Истанбул!

81

Во терминот од 18:45 часот, вечерва се одиграа четири средби од 1/8 финалето во Лигата на Европа, први мечеви од оваа фаза.

Интересно и тоа како беше на „Аноета“ во Сан Себастијан, каде Сосиедад и Манчестер Јунајтед одиграа без победник, 1:1. Гостите откако во неколку наврати опасно се заканија, успеаја да поведат со голот на Зиркзе во 58.минута. Имаа шанси и за 0:2, но сепак и Сосиедад можеше да дојде до израмнување и дојде во 70.минута со голот на Ојарзабал од пенал, откако претходно Бруно Фернандеш играше со рака во својот шеснаесетник. И овие 1:1 не се лош резултат ако се знае дека реваншот се игра на “Олд Трафорд“.

Во самиот финиш Онана го спасуваше Јунајтед од пораз.

Тотенхем на гостувањето кај АЗ Алкмар е поразен со 1:0 и тоа со автоголот на Бергвал.

Лион беше убедлив во Букурешт и со 1:3 славеше кај ФЦСБ и речиси е во 1/4 финалето.

Дебакл за Фенербахче и Жозе Мурињо среде Истанбул. Турскиот гигант со 1:3 беше поразен од Ренџерс и веројатно се прости од Лигата на Европа за оваа сезона.

РЕЗУЛТАТИ – 1/8 ФИНАЛЕ (ПРВИ МЕЧЕВИ)

АЗ АЛКМАР – ТОТЕНХЕМ 1:0

(Бергвал (авт) 18./)

ФЦСБ – ЛИОН 1:3

(Балута 68./Таљафико 30., Фофана 86., 90.)

ФЕНЕРБАХЧЕ – РЕНЏЕРС 1:3

(Дјику 30./Десерс 7.,Черни 42., 81.)

СОСИЕДАД – МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД 1:1

(Ојарзабал (п) 70./Зиркзе 58.)

ПретходноАлкалоид „испорача“ 41 гол во мрежата на Куманово
СледноДесет одбрани на Томовски во првата победа на Потсдам