ЛК: “Македонскиот“ Борац во 90+2.минута од пенал “извади“ реми со Рапид, Чурлинов излезе па Јагиелонија даде три гола!

126

Во својот историски настап во 1/8 финалето во Лигата на Конференции, вечерва пред своите фанови на преполниот стадион во Бања Лука, Борац одигра 1:1 против силниот Рапид. Реми кое дава надеж за реваншот за тимот од БиХ, за кого Николов беше стартер и играше до 60.минута, додека голманот Шишковски беше на клупата а Херера на трибините поради жолти картони.

Австријците водеа со 0:1 се до 90+2.минута со голот на Бељо до 34.минута, за да во судиското продолжение Борац од пенал со голот на Вуковиќ за конечни 1:1.

Јагиелонија на Дарко Чурлинов на првиот меч од 1/8 финалето го победи Серкл Бриж со 3:0, но сите три гола полскиот тим ги постигна откако Македонецот ја напушти играта во 61.минута.

Секако дека овој резултат значи дека Чурлинов и Јагиелонија се блиску до 1/4 финалето во ЛК.

РЕЗУЛТАТИ 1/8 ФИНАЛЕ (ПРВИ МЕЧЕВИ)

БОРАЦ – РАПИД 1:1

(Вуковиќ (п) 90+2./Бељо 34.)

ЦЕЉЕ – ЛУГАНО 1:0

(Светлин 23./)

ЈАГИЕЛОНИЈА – СЕРКЛ БРИЖ 3:0

(Пулулу (п) 69., 78., Романчук 75./)

ПАФОС – ЃУРГАРДЕН 1:0

(Танковиќ 65./)

ПретходноРаул Гонзалес не го заборави македонскиот јазик!
СледноАлонсо: Горд сум на Битола и на моите играчи!