Олимпија Милано и Нено немоќни против Фенербахче

21

Ненад Димитријевиќ и Олимпија Милано го запишаа 13 пораз оваа сезона во Евролига, откако на домашен терен беа совладани од Фенербахче со убедливи 76-100 во меч од 18-то коло.

Турскиот тим не му даде шанса на домаќинот за триумф, после првото полувреме водеше со 37-53, доволно за мирен финиш.

Македонскиот репрезентативец на теренот мина нецели 11 минути за кои постигна два поени од линијата за слободни фрлања, а имаше и еден неуспешен обид за три поени. Зад своето име Нено запиша еден скок и две асистенции.

На останатите средби, Панатаникос убедливо славеше против Реал со 85-70, додека пак Басконија ја доби драмата со Жалгирис (66-65), додека пак Баерн славеше против Црвена Звезда со 100-82.

ПретходноПелистер со пораз се одјави од ЛШ, Раул Гонзалес не му даде шанса на македонскиот првак
СледноРаул Гонзалес не го заборави македонскиот јазик!