Раул Гонзалес не го заборави македонскиот јазик!

484

ПСЖ со убедлива победа од 35-26 си замина од гостувањето кај Пелистер во последниот меч од групната фаза во Лигата на шампионите. На клупата на францускиот тим е Раул Гоналес, добро познато име за македонската јавност. Тој е поранешен тренер на Вардар 1961 и творец на првата титула во ЛШ, како и некогашен македонски селектор.

Во времето додека беше во Македонија го научи нашиот јазик, а вечерва на прес-конференцијата после мечот со Пелистер покажа дека не го заборавил македонскиот јазик. Иако му одеше тешко, со оглед на тоа дека сега живее во Франција, сепак добро се снајде.

„Добро вечер на сите. Сакам да честитам за атмосферрата која беше добра. Ние бевме под притисок на овој меч, имавме шанси да завршиме на второот место. Одигравме 100%, во второто полувреме бевме добри и во нападот и во одбраната“, рече Раул.

Моментот можете да го видите на почетокот на линкот.

ПретходноОлимпија Милано и Нено немоќни против Фенербахче
СледноЛК: “Македонскиот“ Борац во 90+2.минута од пенал “извади“ реми со Рапид, Чурлинов излезе па Јагиелонија даде три гола!