Денеска во Апелдорн, Холандија започнува Европското првенство во атлетика во сала, а единствен преставник од Македонија ќе биде Андреас Трајковски во скок во далечина. Андреас ќе скока уште денеска во квалификациите од 20 часот и 30 минути. За влез во финале ќе биде потребно да се пласира меѓу најдобрите 8 од 17 скокачи кои ќе настапат на шампионатот.
Андреас моментално е на 31. место на Европската ранг листа во скок во далечина и на 87. место на Светската ранг листа. Неговиот личен и македонски рекорд во сала е 7.79 метри, а неговиот најдобар скок оваа сезона во сала е 7.72 метри.
„Се чувствувам добро и возбуден сум што ќе скокам денеска и ќе ја претставувам Македонија на моето прво Европско првенство во сала. Целта е да се пласирам во финалето, ќе биде тешко, но на првенствата се е можно“, изјавил Трајковски пред денешниот настап.