Трајковски за историја: Со нов македонски рекорд обезбеди финале во скок во далечина на ЕП во сала!

257

Со нов македонски рекорд од 7.85 метри, македонскиот атлетичар Андреас Трајковски испиша историја на Европското првенство во сала кое денеска стартуваше во Апелдорн, Холандија.

Со извонредни три скока во трите квалификациски серии, Трајковски успеа да го собори својот личен и македонски рекорд во скок во далечина прелетувајќи 7.85 метри во третата серија што беше го однесе и во историско финале на едно Европско првенство, меѓу осумте најдобри скокачи во Европа.

Трајковски во првата серија прескокна 7.51, во втората 7.77, а во третата го прелета досегашниот македонски рекорди и успеа да го направи најголемиот успех на еден македонски атлетичар на европските првенства.

Финалето е на програмата утре во кој очекуваме Андреас уште еднаш да се надмине себе си и да се обиде да постави нов македонски рекорд во скок во далечина во сала.

ПретходноРеал го плати 63 милиони евра, Милан сега го пушта бесплатно
СледноТри младински селекции на БВА шампионатите летово