Три младински селекции пријави Одбојкарската федерација на Македонија за учество на Балканските шампионати кои ќе се одржат летово, во организација на Балканската одбојкарска асоцијација.
Женската пионерска репрезентација, или девојчињата до 16 години ќе настапат на Балканијадата која од 19 до 23 јуни годинава ќе се одржи во Црна Гора. Покрај Македонија пријава за учество во ова натпреварување има и од селекциите на Бугарија, Грција, домаќинот Црна Гора, Романија, Србија и Турција.
Одбојкарките до 19 години ќе се натпреваруваат на Балканското првенство, кое од 20 до 24 јуни ќе се одржи во Албанија. Потенцијална конкуренција на нашите кадетки се репрезентациите на организаторот Албанија, Бугарија, Грција, Косово, Црна Гора, Романија, Србија и Турција. Оваа генерација е најатрактивна за членките на БВА со оглед на тоа дека најголем број на пријавени селекции има за оваа Балканијада.
Во машка конкуренција, како единствен претставник летово на македонската одбојка ќе ја имаме селекцијата момчиња до 19 години. Тие ќе настапат на Балканскиот шампионат кој ќе се игра во Босна и Херцеговина во периодот од 9 до 13 јули. Покрај Македонија и организаторот БиХ учество пријавија и Бугарија, Грција, Црна Гора, Романија, Србија и Турција.
Одбојкарската федерација на Македонија веќе традиционално се јавува како еден од организаторите на Балканските шампионати во одбојка на песок. Годинава ОФМ ќе биде домаќин на генерациите до 22 години во машка и женска конкуренција, додека натпреварувањето треба да се одржи во периодот од 25 до 27 јуни