Вечерва битката за четвртфинале почнува и во ЛЕ и КЛ

57

Вечерва се на програмата првите натпревари од осминафиналето во Лигата на Европа и Конференциската лига на УЕФА. Во оваа рунда се вклучени екипите кои завршија во топ 8 од главната фаза.

Во второто по ранг европско натпреварување, Лигата на Европа, вечерва фокусот на фудбалската јавност ќе биде дуелот во Шпанија меѓу Реал Сосиедад и Манчестер Јунајтед. Натпреварот во Сан Себастијан е во 18 часот и 45 минути. Во раните натпревари, Тотенхем гостува кај АЗ Алкмар, а Фенербахче е домаќин на Ренџерс. 

Во вечерниот термин од 21 часот, најинтересно ќе биде во Амстердам каде Ајакс е домаќин на Ајнтрахт Франкфурт. Лацио патува во Чешка кај Викторија Плзен, додека Рома е домаќин на Атлетик Билбао. 

Во рамките на Конференциската лига, големиот фаворит на турнирот, Челзи ќе се соочи со дански ФК Копенхаген на првиот дуел во Данска. Ова најверојатно ќе биде првиот натпревар во Конференциската лига, што ќе биде предизвик за лондончани кои ја поминаа шампионската фаза на турнирот доминантно. Избраниците на Енцо Мареска вечерва ќе бидат посилни и за Кол Палмер, кој се враќа во тимот.

Јагиелонија на нашиот Дарко Чурлинов вечерва е домаќин на Серкл Бриж, додека Шишковски и Бобан Николов со Борац Бања Лука на домашен терен го пречекуваат тимот на Рапид од Виена.

ПретходноАвтобусот ги чека репрезентативците: „Горди под сонцето, храбри во срцето“ (ВИДЕО)
СледноСудии за 23.коло во ПМФЛ: Пројковска под Шара, Ќерими на “центарот“ во Кратово