Македонија со 11 каратисти на Светскиот куп во традиционално карате во Краков

29

Македонската репрезентација во традиционално карате викендов на 8 и 9 март ќе учествува на Светскиот куп во Краков, Полска. Македонија ќе ја преставуваат 11 натпреварувачи во јуниорска, кадетска и детска категорија во кати и кумите поединечно.

Во јуниорска конкуренција ќе настапат Матеј Мангаровски и Лука Билбилов во кати и кумите, во кадетска конкуренција ќе настапат Камелија Недев и Софија Јарчевска во кати, а во детска категорија ќе настапат: Филип Недев, Георги Кокорманов, Тадеј Недев, Драган Стојановски, Максим Поп Трпев, Иан Режак и Мила Владев.

Македонската репрезентација ја предводат Дејан и Аљоша Недеви. На СК во Краков ќе учествуваат над 1500 каратисти од целиот свет.

ПретходноМакедонија У17 со „петарда“ во мрежата на Молдавија
СледноТРЕНЕР НА КОЛОТО: Илчо Ѓорѓиоски (Струга ТЛ)