Македонија У17 со „петарда“ во мрежата на Молдавија

156

Женската македонска фудбалска репрезентација до 17. години на чело со селекторката Кате Милеска денеска на Комплексот Петар Милошевски во Скопје, на стартот на квалификацискиот турнир на кој што сме домаќини, славеше убедливо со 5:0 против селекцијата на Молдавија.

Нашите фудбалерки во целост доминираа на овој меч и уште од самиот старт покажаа кој е кој на теренот. Во 29. минута Накова го отвори резултатот, за потоа да погоди и во 51. минута за 2:0. Попески и Величкова зголемија на 4:0, а Накова го комплетираше својот хет трик во 77. минута.

На 12, март го играме мечот против Словенија.

ПретходноФОТО НА КОЛОТО: “Двогледот“ на Спахиу за дебитантскиот гол за Вардар!
СледноМакедонија со 11 каратисти на Светскиот куп во традиционално карате во Краков