ПАОК со Јошко и Љафтов се пласираше и во полуфиналето на грчкиот куп

92

Само неколку дена откако и официјално изборија пласман во полуфиналето на плеј-офот во грчкиот одбојкарски шампионат, Јошко Миленкоски и Александар Љафтов со екипата на ПАОК од Солун обезбедија и пласман на Ф4 турнирот од грчкиот одбојкарски куп.

Вчера ПАОК во четвртфиналето славеше над екипата на Милон со 3:1 и им се приклучи на Панатинаикос и Олимпијакос кои исто така се најдоа меѓу учесниците на финалниот турнир од Купот, додека последниот учесник ќе го даде дуелот меѓу Кифисија и ОФИ. ПАОК предводен од Миленкоски одигра уште еден одличен меч во кој нашиот репрезентативец Љафтов заврши со 17 реализирани поени.

ПретходноСтавре Јада е прв наш спортист кој обезбеди квота за учество на ЗОИ во Милано 2026
СледноФА бара доживотна суспензија за Лукас Пакета од Вест Хем