Следното, воедно 23. коло од ПМФЛ шампионатот, ќе биде првото од третиот круг кој што ќе стартува пролетва.
Сите мечеви се закажани за в недела на 9 март од 14:00 часот, освен мечот Работнички – Тиквеш кој се игра ден потоа, во понеделник. Причина за тоа е зафатеноста на теренот на комлексот Петар Милошевски, а се знае дека Арената во моментов е затворена за прволигашки мечеви.
Токму затоа, „Дебармаалци“ ќе мора мечот да го одиграат ден подоцна од вообичаениот термин.