Слот: ПСЖ е како Манчестер Сити, доминираат еден на еден, моравме да се браниме

182

Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот по вчерашниот меч со ПСЖ во Париз, изјави дека овој меч наликувал многу на меч против Манчестер Сити.

„Денес имаше многу заедничко со натпреварот против Манчестер Сити, уште еден тим кој е одличен со топка и има одлични крилни играчи кои доминираат еден на еден против противниците. Пред натпреварот рекоц дека нема да можеме да доминираме во однос на поседот на топката. И можам само да ги обвинам моите играчи за тоа што се обидовме да се пробиеме четири, пет или шестпати и добивме целосно отворени напади, но последниот допир беше очаен. Можеби ова се должеше на замор од толкав обем на работа во одбраната. Понекогаш може да биде тешко во такви случаи. Имавме само една опција – да се браниме како што се браниме. Се надеваме дека нашите навивачи ќе ни помогнат на Енфилд. Ќе ни треба голема поддршка“, изјави главниот тренер на Ливерпул.

ПретходноЛуис Енрике разочаран: Ова беше многу, многу неправедно
СледноСтавре Јада е прв наш спортист кој обезбеди квота за учество на ЗОИ во Милано 2026