Статистиката вели, Дробаров е во ТОП 5 дефанзивците во Бугарија

139

Македонскиот интернационалец и поранешен младински репрезентативец, Влатко Дробаров веќе подолг период бележи одлични настапи во тимот на Черно Море. Стоперот со својот тим константно годиниве е во самиот врв на табелата, имаа и евро настап изминатото лето, а и сезонава се на пат да изборат европско лето.

Па така, со оглед на добрите игри, Дробаров често е сврствуван во најдобрите единаесет на бугарскиот шампионат, а прецизните статистичари велат дека тој е во петте најдобро оценети дефанзивци сезонава. Со просечна оцена од 7.15 пред нашиот интернационалец се само дефанзивците на Левски, Цинами и Димитров, како и неговиот соиграч од Черно Море, Атанасов.

ПретходноРаботнички и Тиквеш во понеделник на ФФМ
СледноФОТО НА КОЛОТО: “Двогледот“ на Спахиу за дебитантскиот гол за Вардар!