ФОТО НА КОЛОТО: “Двогледот“ на Спахиу за дебитантскиот гол за Вардар!

263

Вчера на ФФМ во Соседското дерби бр.78, Вардар го победи Работнички со 2:0. Пресуден момент на ова градско дерби беше таа 36.минута кога офанзивецот на вардарци, Едиз Спахиу ја искористи грешката на потесната одбрана на Работнички, и рутински ја спроведе топката во мрежата на немоќниот Алексовски. Ова беше првиот гол на Спахиу во дресот на Вардар на еден официјален меч и токму затоа неговата радост, а и на сите во нашиот најтрофеен клуб, беше голема.

Голот од негова страна беше прославен со “двоглед“, така Спахиу ги прославува своите голови.

Секако да не заборавиме дека во 90+1.минута Мато стрелаше за конечни 2:0 за Вардар.

ПретходноСтатистиката вели, Дробаров е во ТОП 5 дефанзивците во Бугарија
СледноМакедонија У17 со „петарда“ во мрежата на Молдавија